НАД 2.000 ЖИТЕЛИ НА ТРИ ЧЕШМИ 10 ДЕНА НЕМААТ ТЕХНИЧКА ВОДА ОТИ ВОДОСТОПАНСТВО СВЕТИ НИКОЛЕ НЕ ЈА ПОЛНИ ЛОКАЛНАТА БРАНА

    НАД 2.000 ЖИТЕЛИ НА ТРИ ЧЕШМИ 10 ДЕНА НЕМААТ ТЕХНИЧКА ВОДА ОТИ ВОДОСТОПАНСТВО СВЕТИ НИКОЛЕ НЕ ЈА ПОЛНИ ЛОКАЛНАТА БРАНАМинибраната кај штипската населба Три Чешми е на самото дно, а рибите се дават во тиња (Фото: СДК.МК)

    Иако од водостопанската подружница Свети Николе пред десет дена беше ветено дека ќе се наполни локалната акумулација кај штипската населба Три Чешми, до денес браната останува на дното. Над 2.000 жители кои водата од оваа акумулација редовно ја користеа за техничка употреба сметаат дека така ќе остане оваа летна сезона.

    Техничката вода години наназад ја користевме и за гаснење пожари, но сега ја немаме ниту за основната намена за наводнување на дворовите“, велат жителите на Три Чешми со кои деновиве разговаравме.

    Тие се скептични дека до крајот на летото ќе добијат капка вода. Сметаат дека не само што ќе немаат техничка вода во своите дворови, туку и за земјоделските површини во околинатга на браната, во атарот на Три Чешми и селото Криви Дол, кои по планот на Водостопанството, треба да се снабдуваат со вода токму од оваа мала акумулција.

    Водата во минибраната кај населбата Три Чешми е на самото дно. Се забележуваат риби како се борат со тињата и се заплеткуваат во трските кои исто така останаа далеку над нивото на водата во браната. Повеќе вода има во некои од околните лозја, кои пред десет дена биле со денови наводнувани, па ја потрошиле речиси целата вода од браната, како што било кажано, по наредба на некој од раководителите на задолженото водостопанство.

    Десет дена откако подружницата од Свети Николе најави полнење на браната, нејзиното раководство неколку дена е недостапно и ги игнорира нашите повици.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира