НАД 200 ЗГРАДИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕНЕРГЕТСКО-ЕФИКАСНИ ФАСАДИ ПРЕКУ ПРОЕКТ НА „ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА“ И ЕУ

    НАД 200 ЗГРАДИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕНЕРГЕТСКО-ЕФИКАСНИ ФАСАДИ ПРЕКУ ПРОЕКТ НА „ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА“ И ЕУПреку поставување на енергетски-ефикасни фасади заштедата за струја во домаќинствата е од 30 до 50 отсто. (Фото: К. Попов)

    Околу 200 згради ќе добијат енергетско-ефикасни фасади преку проектот на „Хабитат Македонија“ со пари од Европската унија. Проектот предвидува во општините Карпош, Куманово и Кочани да се мапираат згради, но и куќи кои имаа стари фасади, потоа да се реконструираат и со тоа домаќинствата ќе имаат заштеда на струја.

    Процесот кој ќе го водиме вклучува планирање, усогласување на станарите, финансирање, градежна интервенција, мониторинг на заштеди и проценка на периодите во кои инвестицијата се враќа. Домаќинставата со овој проект сето ова ќе може да го добијат на едно место. Секоја Општина има различни расположливост на средства со кои може да учествиваат во проектот. Како и во минатото проектот ќе се спроведува со учество на Општините, а граѓаните ќе можат да добијат поволни бескаматни кредити“, рече Зоран Костов извршен директор на „Хабитат Македонија“.

    Според податоците на „Хабитат“ околу 70 отсто од зградите во земјава се енергетски неефикасни.

    Преку поставување на енергетски-ефикасни фасади заштедата за струја во домаќинствата е од 30 до 50 отсто. Вложената инвестиција се враќа во рок од 5 до 8 години. Во 70 згради кои досега преку „Хабитат“ се реконстриурани заштетата на струја е 7.900 мегават часови, колку што произведува годишно електична енергија една мала хидроцентрала.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира