НАГРАДATA „8 НОЕМВРИ“ ЗА ПИЛОТОТ МЕТОДИ СТОЈАНОВ КОЈ ГАСЕШЕ ПОЖАРИ И ЗА УШТЕ 11 ЗАСЛУЖНИ ШТИПЈАНИ

    НАГРАДATA „8 НОЕМВРИ“ ЗА ПИЛОТОТ МЕТОДИ СТОЈАНОВ КОЈ ГАСЕШЕ ПОЖАРИ И ЗА УШТЕ 11 ЗАСЛУЖНИ ШТИПЈАНИПокрај Стојанов, Советот на Општина Штип одлучи признанието да биде доделено на уште 11 граѓани кои живеат или потекнуваат од Штип за нивниот придонес во развојот на градот и Македонија од повеќе сфери на општественото живеење. (Фото: СДК.МК)

    Пилотот Методи Стојанов, член на Аероклубот од Штип, кој учествуваше во гасење на пожарите ова лето на територијата на цела држава, како и уште 11 заслужни граѓани на Штип се добитници на признанието „8 Ноември“ што се доделува по повод Денот на ослободувањето на градот.

    Покрај Стојанов, Советот на Општина Штип одлучи признанието да биде доделено на уште 11 граѓани кои живеат или потекнуваат од Штип, за нивниот придонес во развојот на градот и Македонија од повеќе сфери на општественото живеење.

    Меѓу нив се проф. Методи Хаџијанев, за придонесот во јакнење на безбедноста и одбраната на државата, проф. Мишко Џидров за развојот на високото образование, невладиното здружение НЕЦИ за унапредување на социјалната инклузија и доживотното образование и средношколецот Иван Костески за освоените награди од светски натпревари по природни науки.

    Признанија се доделени и на Марија и Стојан Димкови за заштитата на правата на Македонците во Егејска Македонија, на Кирил Кузманов за афирмација на музичката уметност, на Јасминка Чанева-Лазовска за афирмација на брендот „Сербес“, на Ателјето „Колорис“ за афирмација на уметноста, на Стојан Арсов за фудбалер на векот во Штип и на Виктор Велинов за поддршка и унапредување на спортските вредности.

    Престижните признанија ќе бидат доделени на свечена седница на Општина Штип што ќе се одржи во чест на Денот на ослободувањето.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира