НАМЕСТО БАРОК „ПЕЛАГОНИЈА“ ЌЕ ГО ДОБИЕ СТАРИОТ ИЗГЛЕД, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    НАМЕСТО БАРОК „ПЕЛАГОНИЈА“ ЌЕ ГО ДОБИЕ СТАРИОТ ИЗГЛЕД, ВЕЛИ ШИЛЕГОВСега зградата на „Пелагонија“ стои недоправена, односно фасадата е соголена,се гледаат цигли и малтер Фото:(м.Златевска)

    Наместо барокна фасадата, зградата на „Пелагонија“ ќе го добие стариот изглед.

    Градоначалникот Петре Шилегов кој ја сопре изградбата на сите барокни фасади кои неговиот претходник Коце Трајановски почна да ги гради, ќе бара ново идејно решение за зградата, кое ќе го врати нејзиниот  автентичен изглед. Наскоро ќе биде распишан тендер за избор на ново идејно решение, според кое ќе се доврши фасадата на зградата.

    „Ќе го вратиме автентичниот изглед на ‘Пелагонија’ и за тоа нема да се потрошат 1,3 милиони евра како што планирало претходното раководство туку многу помалку. Нема да ја оставиме фасадата до половина направена“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот Петре Шилегов.

    Сега зградата на „Пелагонија“ стои недоправена, односно фасадата е соголена, се гледаат цигли и малтер.

    Град Скопје во септември објави нов тендер за изградба на фасадата на „Пелагонија“ бидејќи беше раскинат договорот со претходниот изведувач кој не ги почитувал стандардите и роковите за реконструкција.

    Градоначалникот Шилегов изјави дека нема да го потпише тој договор, ниту пак ќе дава пари за други барокни фасади. Тој рече дека 6 милиони евра кои неговиот претходник ги планирал за барокни фасади, ќе ги пренамени за енергетски ефикасни фасади во средните училишта.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира