НЕ Е ХУМАНО ДА ЈА ОТСТРАНИМЕ ДИВАТА ДЕПОНИЈА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ВО ЗИМА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР

    НЕ Е ХУМАНО ДА ЈА ОТСТРАНИМЕ ДИВАТА ДЕПОНИЈА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ВО ЗИМА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАРВо дел од паркот изградени се импровизирани картонски куќарки во кои живеат неколку семејства, а просторот околу куќарките е затрупан со купишта пластични шишиња.(Фото: М. Златевска)

    Урбаниот парк спроти палатата Емануел Чучков каде што е сместен Државниот завод за ревизија е претворен во депонија. Во дел од паркот, изградени се импровизирани картонски куќарки во кои живеат неколку семејства.

    Околу куќарките, просторот е затрупан со купишта пластични шишиња, кои ги собираат низ градот. Покрај купишта пластика, во дворот кој си го оградиле околу куќарките стојат стари кревети, душеци, теписи, ќебиња, веце школки и ѓубре.

    Покрај купишта пластика, во дворот кој е ограден околу куќарките стојат стари кревети, душеци, теписи, ќебиња, веце школки и ѓубре. (Фото: М. Златевска)

    Од Општина Центар велат дека се запознаени со депонијата сред центарот на градот, но имаат проблеми како да се реши бидејќи станувало збор за ранлива категорија граѓани. По увидот кој го направила инспекцијата се дошло до заклучок дека овие импровизирани куќарки треба да се срушат и лицата кои престојуваат во нив, од кои најголем број биле малолетни деца, изнемоштени стари лица, без социјална помош, да се згрижат. Но, бидејќи тие одбивале згриживање, ако се урнат куќарките ќе останат на улица сред зима.

    Од Општина Центар велат дека се запознаени со депонијата сред центарот на градот но имаат проблеми како да се реши бидејќи станувало збор за ранлива категорија граѓани и ако ги отстанат куќарките луѓето ќе останат на улица сред зима. (Фото:М.Златевска)

    „Тимови од Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, на овие семејства им понуди привремено згрижување во Прифатниот Центар за бездомни лица Чичино село – Сарај, Скопје , но тие категорично одбиваат секаква соработка во врска со нивното сместување во ваков тип на установа. Од тука  па натаму Центарот за социјална работа е немоќен за згрижување на овие лица. Како резултат на ова, а  воедно и  поради  постојаното јавување од  страна на загрижени граѓани и реакциите од  Министерството за животна средина за преземање на итни мерки за заштита на животната средина, проблемот станува се покомплексен и посериозен и се повеќе се  рефлектира на локално ниво. Инспекторатот и понатаму стои на ставот дека за решавање на проблемот е најитно  преземање на градежни активности на овој локалитет  но во зимски временски услови каде  најмалку 25  лица од кои најголем број малолетни деца и изнемоштени стари лица да бидат оставени на улица ќе преставува сериозен проблем“, велат од Општина Центар.

    Од Министерството за труд и социјална политика не добивме одговор што ќе преземат за решавање и згрижување на овие лица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира