НЕ Е ТОЛКУ ЗАГАДЕНО, ОД УТРЕ НЕМА БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ Е ТОЛКУ ЗАГАДЕНО, ОД УТРЕ НЕМА БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ

    Градот Скопје ја повлекува мерката бесплатен јавен превоз два дена по нејзиното воведување. Оттаму велат дека според податоците на Министерството за животна средина веќе не е загадено и поради тоа од утре веќе не важат дел од мерките против загадувањето, воведени завчера, вклучувајќи го и бесплатниот јавен превоз за сите граѓани.

    „Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината. Поради тоа, од утре се укинуваат воведените мерки за бесплатен превоз за сите граѓани“, соопшти денеска Град Скопје.

    Во понеделникот, градоначалникот Коце Трајановски на прес-конференција најави бесплатен јавен превоз за сите граѓани и во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, како една од краткорочните мерки што ги презема Градот поради енормното загадување на воздухот во Скопје.

    Загадувањето особено беше високо викендов, кога во Општина Карпош во саботата во 22 часот беа измерени 1.218 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички. Според законските одредби дозволената средно дневна концентрација на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми на кубен метар.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира