НЕ РАБОТАТ ЛИФТОВИТЕ ВО КАТНИТЕ ГАРАЖИ „26 ЈУЛИ“ И „БЕКО“ НА ГРАД СКОПЈЕ ОТИ ЈА СНЕМА ЧОВЕК-ФИРМАТА ШТО ГИ ОДРЖУВА

    НЕ РАБОТАТ ЛИФТОВИТЕ ВО КАТНИТЕ ГАРАЖИ „26 ЈУЛИ“ И „БЕКО“ НА ГРАД СКОПЈЕ ОТИ ЈА СНЕМА ЧОВЕК-ФИРМАТА ШТО ГИ ОДРЖУВАОд „Градски паркинг“ велат дека имаат проблеми со лифтовите бидејќи фирмата избрана на тендер не ги поправа и не одговара на нивните повици за редовно одржување. (Фото: СДК.МК)

    Не работат лифтовите во катните гаражи „26 Јули“ и „Беко“ во центарот на Скопје. Катните гаражи се под надлежност на Град Скопје и со нив стопанисува ЈП „Градски паркинг“.

    Во катната гаража „26 Јули“, која се наоѓа на улицата Свети Кирил и Методиј до трговскиот центар „Дајмонд“, не работи ниту еден од четирите лифтови. Во катната гаража „Беко“, каде има три лифтови, во моментов работи само еден, но и тој се расипува, па еден ден работи, другиот ден не.

    Од ЈП „Градски паркинг’ велат дека имаат проблеми со лифтовите, бидејќи фирмата  избрана на тендер во времето на ексградоначалничката Данела Арсовска не ги поправа лифтови и не одговара на нивните повици за редовно одржување.

    „Станува збор за фирма-човек која не ги сервисира лифтовите. Ќе го раскинеме договорот, бидејќи и покрај сите писмени опомени не се преземаат никакви мерки за сервисирање и одржување на лифтовите. Веќе е распишан и тендер за избор на нова фирма“, велат од ЈП „Градски паркинг“.

    Оттаму додаваат дека лифтовите во двете катни гаражи постајано се вандализираат, бидејќи станува збор за отворен тип гаражи кои работат 24 часа на ден и тоа го отежнува нивното одржување. Дополнителен проблем во катната гаража „26 Јули“ е тоа што таму на шестиот кат се наоѓа ресторан во кој се прават свадби и други прослави, па во лифотовте се пренесува и музичка опрема, озвучување, и други стоки потребни за функционирање на ресторанот.

    Паркирањето во катните гаражи на Град Скопје е 30 денари за еден час, а месечната карта е 2.000 денари. Во двете катни гаражи купени се сите месечни карти.

    А. АНТЕВСКА       

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира