НЕ РАБОТАТ ВАЛИДАТОРИТЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ ВО АВТОБУСИТЕ, ОД ЈСП „СКОПЈЕ“ ВЕЛАТ СЕ НАДГРАДУВА СИСТЕМОТ

    НЕ РАБОТАТ ВАЛИДАТОРИТЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ ВО АВТОБУСИТЕ, ОД ЈСП „СКОПЈЕ“ ВЕЛАТ СЕ НАДГРАДУВА СИСТЕМОТГраѓаните кои сметаат дека се оштетени можат да поднесат пријава на [email protected]. (Фото: СДК.МК)

    Во дел од автобусите од јавниот превоз во Скопје не работат валидаторите и граѓаните не можат да платат билет. Не може да се плати со картичката „Скопска“, ниту со мобилен телефон.

    „Два пати пробав да платам вртејќи на телефонскиот број 185, но неуспешно. Не добивав порака дека сум извршиле плаќање и сум купила билет за возење“, вели скопјанка која вчера се возела на линијата број 5.

    Од ЈСП „Скопје“ велат дека се врши надградба на системот за наплата.

    „Надградба се врши изминативе неколку денови и поради тоа регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или со мобилната апликација ‘Скопска‘. Апелираме до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на [email protected]“, велат од ЈСП „Скопје“.

     А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира