НЕ СЕ МЕРИ КОЛИЧЕСТВОТО НА ПМ-10 ЧЕСТИЧКИТЕ ВО КАВАДАРЦИ ПОРАДИ ДЕФЕКТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ СЕ МЕРИ КОЛИЧЕСТВОТО НА ПМ-10 ЧЕСТИЧКИТЕ ВО КАВАДАРЦИ ПОРАДИ ДЕФЕКТ

    Не се мери количеството на ПМ-10 честичките во Кавадарци, алармираат од еколошкото друштво „Еко-живот“ од овој град. Велат дека се загрижени што ова се случува во град кој важи за еден од најзагадените во Македонија и каде што во текот на минатата година беше зголемено присуството на овие честички во воздухот, особено во зима.

    „Бараме од надлежните да објаснат зошто не се мери присуството на овие честички во воздухот. Особено поради фактот што ова не е прв пат да не работи мерната станица во градот. Ако станува збор за дефект, бараме тој да биде отстранет во најскоро време“, велат од друштвото кое е регионален еколошки центар и член на Движењето на екологистите на Македонија.

    Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека не се мери количеството на ПМ-10 честитки во кавадаречкиот воздух.

    „Не е во функција апаратот за мерење на количеството на ПМ-10 честички во воздухот во Кавадарци. Тој не работи два-три дена. Во текот на утрешниот ден ќе се изврши сервис на апаратот. По извршениот увид на лице место ќе се знае дали проблемот може да биде решен веднаш и која е постапката ако станува збор за поголем дефект и колку време е неопходно за да биде отстранет“, ни рекоа од Министерството.

    С. ДАРУДОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира