Со пуштање на 63 балони, волонтерите на Црвениот крст од Тетово и група граѓани на градскиот Плоштад денеска им оддадоа почит на 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој се случи на 16 март 2025.
„Денеска, 63 млади волонтери на Црвениот крст од Тетово сме дојдени за да им оддадеме почит на загинатите во трагичниот настан од пред една година кој се случи во дискотеката во Кочани. Со оваа наша акција, со пуштањето на овие 63 балони, сакаме да им дадеме поддршка на родителите на загинатите дека не се сами и не се заборавени. Иницијативата за денешното одбележување беше на иницијатива на младите волонтери од Црвениот крст од Тетово“, изјави Радица Ѓорѓевска од Црвен Крст Тетово.
Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња-63 животи“ во Паркот на револуцијата и со комеморативен настан во Центарот за култура „Бели мугри“, денеска во Кочани беше одбележана годишнината од пожарот во дискотеката „Пулс во кој загинаа 63 главно млади луѓе и деца, а повеќе од 200 беа повредени.
Во пожарот во кочанската дискотека загинаа: Алексова Стефанија, Џамов Јорданчо, Трајчев Иван, Ѓоргиев Џоко, Коларов Александар, Величков Иван, Стојанов Андреј, Антова Ивона, Христовски Павел, Димитријев Диме, Насевски Никола, Богданов Тоше, Тодоровски Тоше, Коцева Ана, Живков Адријан, Петрушов Гордан, Горгиев Игорче, Стевановски Филип, Стојанов Томче, Стоименова Моника, Стојанов Стојанчо, Пројковска Николовска Capa, Шопова Марија, Ивановски Петар, Ѓорѓиев Александар, Марковски Матеј, Закова Бојана, Василков Ѓорѓи, Петров Александар, Минова Драгана, Алексова Capa, Ѓорѓиески Андреја, Ивановски Филип, Јорданова Capa, Стрезоска Марија, Ефремов Александар, Велков Игор, Тасева Стојковска Лепа, Атанасовски Мартин, Алексов Александар , Минов Божидар, Милковска Кети, Златков Томас, Соколова Стефанија, Велков Леонид, Наунова Надица, Јорданов Виктор, Панов Андреј, Иванов Димитар, Стоименов Спиро, Владимиров Јове, Андонов Ице, Тасевски Стефан, Величков Ѓорѓи, Стојанов Александар, Христова Сања, Танески Дамјан, Спасова Моника, Лазаров Андреј, Карадакоски Александар, Гавриловски Александар , Стефанов Стојанче, Блажев Владимир Панчо.
З. АНДОНОВ



