„НЕКОЈ ФАМИЛИЈУ ЌЕ ТИ ГУ СПИЧИ“ – ЗАКАНИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО ОД МАРШОТ „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „НЕКОЈ ФАМИЛИЈУ ЌЕ ТИ ГУ СПИЧИ“ – ЗАКАНИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО ОД МАРШОТ „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“

    Закани и навредливи пораки кон семејството на градоначалникот Зоран Дамјановски, беа упатени синоќа од митингот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Куманово. Еден од учесниците кој беше предводник на маршот и пееше патриотски песни, Предраг Петрушевски, претседател на Здружението бранители, во еден момент пред насобраните луѓе пред Општината Куманово ја запеа песната „Излези момче“ но по негов текст и рече:

    „Излези Зоки право на тераса, погледај ја во очи македонска раса, тргни се горе пошто не ти личи, некој фамилију ќе ти гу спичи“.

    Градоначалникот Дамјановски вели дека усно го известил началникот на Кумановската полиција оти има закана по безбедноста на неговото семејство и говор на омраза во обраќањата на учесниците на синоќешниот марш. Тој вели дека тоа е хистерија и безобразлук на поединци, кои овие комплицирани политички услови во Македонија ги користат да го изразат својот однос кон општеството.
    „Со такви закани се создава бариера и интеретнички судир, со што полека но сигурно влегуваме во поделба на македонското национално ткиво, а тоа е предвесник и на меѓуетничките односи. Индивидуалните испади на поедини хулигани нема да ги коментирам. Јас сум секогаш тука, не се плашам одам секогаш сам низ Куманово, подготвен сум на секакви провокации од луѓе кои немаат никаков интегритет. Јас ги подржувам протестите како демократска придобивка и тоа е начин на изразување на незадоволството за да се решаваат работите, но заканите по безбедноста по животот на поединци излегува од тие рамки“, – изјави Дамјановски.

    Тој рече дека нема да поднесе тужба против Петрушевски, бидејќи не верува во правниот систем на државата.

    Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, почнаа завчера, еден ден по фејсбук статусот и интервјуто на Телевизија Сител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој не успеа да формира влада со ДУИ оти беше против продолжување на мандатот на СЈО, во кој порача дека државата е нападната и само народот може да ја одбрани. На маршот учествуваат членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и директори на државни институции, а од вчера освен во Скопје се одржуваат и во други градови. Иницијативата беше промовирана завчера од директорот на Македонската опера и балет Игор Дурловски, режисерот Борис Дамовски и пијанистката и амбасадор на културата во Австрија Елена Мисиркова Лоза. Според организаторите, овие маршеви се организираат за, како што велат, одбрана на унитарна и заедничка Македонија, а против владина коалиција на СДСМ и ДУИ, како и за неприфаќање на албанската платформа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира