НЕЛЕГАЛЕН ИСКОП НА ПЕСОК ОД КОРИТОТО НА ВАРДАР ПРЕДИЗВИКУВА ГОЛЕМА ЕКОЛОШКА ШТЕТА НА РЕКАТА И ОКОЛИНАТА

    НЕЛЕГАЛЕН ИСКОП НА ПЕСОК ОД КОРИТОТО НА ВАРДАР ПРЕДИЗВИКУВА ГОЛЕМА ЕКОЛОШКА ШТЕТА НА РЕКАТА И ОКОЛИНАТАОд полицијата информираат дека на локацијата спроти касарната „Еребино“ биле пронајдени два багери без регистарски ознаки (Фото: Фејсбук)

    Со тешка механизација бесправно се ископувал песок од коритото на Вардар во близина на тетовското село Сиричино, при што се предизвикани големи штети на речното корито и на околината. За случајот алармираат од риболовниот клуб „Риболовец-Вардар“, кој како концесионер има обврска да го штити рибниот фонд во овој дел од реката.

    „По пријава од граѓанин излегов на самото место и забележав нелегален ископ со два багери и три камиони од засега непозната фирма. Сметам дека е неопходно да се утврди дали работите се вршени со соодветни дозволи и согласност од надлежните институции“, вели Божидар Гроздановски од РК „Риболовец-Вардар“ од Брвеница.

    Случајот е пријавен во СВР Тетово на 3 ноември. Од полицијата информираат дека на локацијата спроти касарната „Еребино“ биле пронајдени два багери без регистарски ознаки, од кои еден е со натпис на фирма од Желино. На местото немало луѓе, а машините биле обезбедени од полицијата.

    Во случајот е вклучено Јавното обвинителство, кое издаде наредби за прибирање докази и документација за утврдување на фактичката состојба.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира