НЕМА ИЗГОРЕНО СПИСИ И ДОКАЗИ ЗА СУДСКИ ПРЕДМЕТИ, ТИЕ НЕ СЕ ЧУВАТ ВО ГАРАЖА, ВЕЛИ СТРУМИЧКИОТ СУД ПО ВЧЕРАШНИОТ ПОЖАР

    НЕМА ИЗГОРЕНО СПИСИ И ДОКАЗИ ЗА СУДСКИ ПРЕДМЕТИ, ТИЕ НЕ СЕ ЧУВАТ ВО ГАРАЖА, ВЕЛИ СТРУМИЧКИОТ СУД ПО ВЧЕРАШНИОТ ПОЖАРОпожарено е новонабавеното службено возило кое е осигурено, старо службено возило кои повеќе години не е во возна состојба, трајно одземени предмети со правосилни судски одлуки кои таму биле чувани до нивно превземање од Агенцијата за управување со одземен имот и расходуван стар мебел, теписи, фотељи, столови, бироа и клима уреди, велат од Судот. (Фото: СДК.МК)

    Во вчерашниот пожар нема уништени списи и доказен материјал, тие не се чуваат во гаража, велат од Струмичкиот суд откако во јавноста почнаа да се шират шпекулации дека во гаражата се чувале судски документи и докази за судски предмети. Од Судот денеска соопштија што сè изгорело во лимената гаража која се наоѓа на осум метри зад зградата каде што вчера избувна пожар.

    „Сакаме да ја известиме јавноста дека опожарено е новонабавеното службено возило кое е осигурено, старо службено возило кои повеќе години не е во возна состојба, трајно одземени предмети со правосилни судски одлуки кои таму биле чувани до нивно превземање од Агенцијата за управување со одземен имот и расходуван стар мебел, теписи, фотељи, столови, бироа и клима уреди“, велат од Судот.

    Јавното обвинителство и полицијата вчера направија увид и треба да ги кажат причините како настана пожарот кој ги вознемири струмичани. Во гаснењето на пожарот биле вклучени четири возила на струмичката пожарна, а во прекин беше и струјата во овој дел на градот.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира