НЕМА КАТАСТАР НА ЗАГАДУВАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА КАТАСТАР НА ЗАГАДУВАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА

    Катастар на загадувачи нема на ниво на Македонија, а ни во општините, со исклучок на Карпош каде не е целосно спроведен. Ова го изјави Љубо Атанасовски, советник за животна средина од општина Битола на денешната Комисија за екологија при Советот.

    Битолските советници констатираа дека иако општината е меѓу најзагадените во земјава, сепак не е направен катастар на загадувачи. Од Одделението за животна средина одговорија дека да се направи тоа не е едноставна работа.

    „Локалните самоуправи нема шанси да го изготват тој катастар на загадувачи како во развиените земји. Таму секој ден операторите ги обработуваат информациите кои автоматски одат во мерен систем и во секој момент се знае кој оператор какво загадување прави“, рече Атанасовски.

    Тој додаде дека во 2010 година Министерството за животна средина почнало со активности за правење катастар, но постапката запрела. Атанасовски рече дека не знае поради кои причини. Советниците сметаат дека катастар на загадувачи е неопходен за да се идентификуваат сите загадувачи во Битола и колкаво загадување вршат. Засега постојат само мерните станици од Министерството за животна средина кои даваат податоци за загадувањето.

    На седницата беше договорено Комисијата за екологија да побара од фирмата која го направи каменоломот над Битола да достави комплетна документација за работењето. Како што соопштија од општината, од фирмата барање за Б интегрирана еколошка дозвола поднесе на први април, а процедурата е во тек. Советниците побараа одговор зошто уште не добиле дозвола кога според законот рокот е 60 дена.

    Ж. Здравковска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира