НЕМА ПОТВРДИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПАРТИЦИПАЦИЈА ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:47:"Радовиш,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ПОТВРДИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПАРТИЦИПАЦИЈА ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

    Бранкица Јованова од Радовиш со денови трча по институциите за да ја обнови потврдата дека нејзиното дете со Даунов синдром е ослободено од партиципација при лекување. Нејзината потврда имала важност до 10 август. За обнова отишла во Фондот за здравствено осигурување, од каде ја препратиле во Центарот за социјални работи.

    Како што тврди Јованова, Центарот не ѝ издал потврда бидејќи детето се водело под нејзиното здравствено осигурување, па ѝ дале потврда дека е корисник на посебен додаток за детето но не и дека се ослободува од партиципација за лекови, лекување, ортопедски помагала.

    „Бев на прегледи во Скопје, ми наплатија, од понеделник треба да одам на физикална во Штип и таму ќе ми наплатат. Целиот курцшлус настана што детето било заведено под моето здравствено осигурување па Центарот за социјални работи не можел да издаде таква потврда дека детето ми се ослободува од било каква партиципација. Еве цел месец помина, ние чекаме одговор и не знаеме каде да се обратиме“, вели Јованова и тврди дека со овој проблем се соочувале многу родители на деца со посебни потреби.

    Од први август, Фондот за здравство согласно Законот за општа управна постапка, нема законска обрврска да издава потврди за ослободување од партиципација. Таа обврска ја имаат Центрите за социјали работи односно Министерството за труд и социјална политика. И покрај повеќе обиди за став, не успеавме да добиеме одговор ниту од Министерството за здравство ниту, од Министерството за труд и социјална политика зошто на лицата со посебни потреби не им се продолжуваат потврдите за ослободување од партиципација.

    Јованова вели дека државата треба веднаш да најде решение, бидејќи родителите на децата со посебни потреби се изложуваат на дополнителни трошоци, но бара овие потврди да бидат за неограничено време, бидејќи лицата со посебни потреби нема да се сменат.

    „Секоја година малтретирање за обнова на потврдата за ослободување од партиципација. Од шалтер на шалтер, од врата на врата. Се знае дијагнозата на моето дете. За Даунов синдром и после 10 и после 20 години, таа е дијагнозата. Нека подразмислат државните институции, бидејќи не сум само јас што трчам по институциите за да ја добијам таа потврда за ослободување од партиципација како што беше досега“, вели Јованова.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира