НЕМАЛ НИШТО ПРОТИВ РУСКИОТ КОНЗУЛАТ, ТУКУ ГО СКРШИЛ СТАКЛОТО ПОРАДИ ЛИЧНИ ПРОБЛЕМИ

    НЕМАЛ НИШТО ПРОТИВ РУСКИОТ КОНЗУЛАТ, ТУКУ ГО СКРШИЛ СТАКЛОТО ПОРАДИ ЛИЧНИ ПРОБЛЕМИОд полиција велат дека битолчанецот случајно минувал пред Рускиот конзулат и поради личните случувања со кои се соочил удрил со бетонска плочка по излогот, а можело да биде било кој друг објект (Фото: СДК.МК)

    68-годишниот битолчанец Н. С., кој со бетонска плочка вчера го скрши стаклото од Рускиот конзулат на Широк Сокак, немал ништо против Русија или конзулатот, туку во моментот се соочувал со личен проблем, велат од битолската полиција за САКАМ ДА КАЖАМ.МК. Од полиција велат дека битолчанецот случајно минувал пред Рускиот конзулат и поради личните случувања со кои се соочил удрил со бетонска плочка по излогот, а можело да биде било кој друг објект.

    Поради ваквото однесување тој бил приведен, а по извршениот разговор пуштен на слобода. Сепак, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

    Бидејќи конзулатот се наоѓа во центарот на Битола, на плоштадот Магнолија, повеќемина минувачи го виделе повозрасниот човек како со плочка фрлил кон влезното стакло.

    „Вчера минував околу 15, 30 часот во центарот на Битола кај Магнолија и видов како едно лице со бетонска плочка во два наврати го каменуваше излогот од Рускиот конзулат во Битола. Од кои причини не знам. Потоа дојде полиција , го приведе. Народот беше револтиран и насобраните битолчани се чудеа зошто го стори тоа. Човекот не беше маскиран“, рече битолчанецот Владо Трампевски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира