НЕУСПЕШНИТЕ СПОМЕНИЦИ ОД СКОПЈЕ 2014 СЕ СЕЛАТ ВО КАТНАТА ГАРАЖА НА ПОЦ ЗА ДА НЕ ГИ УКРАДАТ

    НЕУСПЕШНИТЕ СПОМЕНИЦИ ОД СКОПЈЕ 2014 СЕ СЕЛАТ ВО КАТНАТА ГАРАЖА НА ПОЦ ЗА ДА НЕ ГИ УКРАДАТМакетите со камиони се носеа од урбаната заедница Дане Крапчев во магацинскиот простор на катната гаража за да бидат на сигурно и под 24-часовен надзор. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Макети на неуспешните споменици од проектот Скопје 2014 денес се преселуваа во катната гаража на ЈП „Паркинзи Општина Центар“. Макетите со камиони се носеа од урбаната заедница Дане Крапчев во магацинскиот простор на катната гаража за да бидат на сигурно и под 24-часовен надзор.

    „Станува збор за макети кои биле доставени на јавниот конкурс за изглед на споменици уште во 2007 година. Ова се макети од решенијата кои не биле избрани. Досега со години стоеја во урбаната заедница Дане Крапчев, но таму не е сигурно и затоа решивме да ги донесеме во катната гаража каде имаме 24-часовен видео надзор“, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира