НИТУ ОБВИНИТЕЛСТВОТО, НИТУ ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ СИ ЈА ВРШАТ РАБОТАТА ЗА КОЈА СЕ ПЛАТЕНИ ОД ГРАЃАНИТЕ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ ЗА СЛУЧАЈОТ „ЕКО КЛУБ“

    НИТУ ОБВИНИТЕЛСТВОТО, НИТУ ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ СИ ЈА ВРШАТ РАБОТАТА ЗА КОЈА СЕ ПЛАТЕНИ ОД ГРАЃАНИТЕ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ ЗА СЛУЧАЈОТ „ЕКО КЛУБ“Шилегов вели дека до вакви инциденти доаѓа бидејќи Државниот инспекторат за животна средина ништо не работи. - Градоначалникот Петре Шилегов и градскиот инспектор Мирослав Богдановиќ (Фото: СДК.МК)

    Ниту обвинителката, ниту државниот инспекторат си ја вршат работата за која се платени од граѓаните, рече денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Изјавата на Шилегов е одговор на соопштението на Јавното обвинителството во кое се вели дека градскиот инспектор Мирослав Богдановски не доставил докази по кривичната пријава за „Еко клуб“ за необработен медицински отпад што се депонирал на депонијата „Дрисла“.

    „Богдановски на 13 декември, при поднесување на пријавата, им ги презентирал доказите. Не било побарано од него да ги достави снимките. Во исказот негов стои што има на видеото кое тој ги снимал. Неприфатливо е однесувањето на обвинителството 50 дена ништо да не преземете и да молчи. Одговорна институција за ваков случај по наредба на јавен обвинител веднаш ќе го затвори погонот и ќе спроведе истрага“, рече Шилегов.

    Шилегов вели дека до вакви инциденти доаѓа бидејќи Државниот инспекторат за животна средина ништо не работи и праша како е можно главниот државен инспектор Хусни Тачи само два дена откако тие ги направиле снимките, да потпише извештај до извршена контрола дека се работи по сите прописи.

    „Да беше под моја надлежност ниту обвинителката ќе беше уште обвинителка, ниту инспекторот ќе работеше како главен државен инспектор“ рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира