НОРМАЛЕН МИ Е ПРИТИСОКОТ, СЕ ПОФАЛИ ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК ПО ДУЕЛОТ СО МИЦКОСКИ

    НОРМАЛЕН МИ Е ПРИТИСОКОТ, СЕ ПОФАЛИ ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК ПО ДУЕЛОТ СО МИЦКОСКИ120/80 ммХг, напиша Заев на Фејсбук откако му го измерија притисокот на штанд во Штип. (Фото: Фејсбук)

    Премиерот Зоран Заев се пофали дека притисокот му е 120 со 80 попладнево на Фејсбук, по вчерашниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Заев денеска беше во Штип на одбележување на 12-годишнината од формирањето на универзитетот „Гоце Делчев“ и заедно со штипскиот градоначалник Благој Бочварски и министерот за здравство Венко Филипче ги посетија штандовите на кои студентите ги презентираа програмите за новата студиска година. На еден таков штанд, на премиерот и му беше измерен притисокот.

    Заев на свечената академија кажа дека Владата дава целосна поддршка на автентичните универзитети посебно оние кои соработуваат со универзитетите од земјите на ЕУ и на автентичните факултети кои имаат заеднички именител со бизнис компаниите за вработување на новите стручни кадри.

    Годишнината беше одбележа и со ликовна изложба на студентите од Академијата за ликовна уметност, со презентација на студиските програми на сите 12 факултети и трите академии, со доделување на 200 стипендии, формирање на фонд за наука за професорите и со свечена академија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира