Австрискиот амбасадор во Македонија Мартин Памер смета дека Австрија и Македонија преку Штип можат да соработуваат на деловен план и тоа во текстилната индустрија, но и за развојот на бањскиот туризам, во културата и во други области.
„Сакам да донесам во Македонија потенцијални инвеститори од Австрија и планирам наредната година да доведам една економска мисија од мојата земја која може да да ги разгледа можностите од стопанството и да соработува со македонските конфекции, но и во бањскиот туризам, а секако и во областа на културата, па може некој камерен оркестар или изложба да бидат присутни во Штип“, рече Памер при средбата со градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
Тој кажа дека е горд клиент за кошули од штипската конфекција „Албатрос“.
На прашањето дали Штип и некој град од Австрија може да се збратимат, австрискиот амбасдор рече дека такви нешта се веќе изживеани ствари и начини, тоа е минато кое не донесе никакаква корист, па затоа поголем успех и ефект ќе имаат личните контакти на луѓето кои во даден период ги водат градовите и во двете земји.
Градоначалникот Јорданов рече дека Штип има богато минато и наследство и оти штип може да соработува со Австрија на било кој план.
Т. ЈОВАНОВСКИ