На местото на тревникот пред Олимпискиот базен во Скопје, Град Скопје денеска почна со изведба на нов парк. Со градежна механизација се отстрануваше тревата, а според проектот на целиот простор ќе биде заседена нова трева, дрвја и поставен систем за полевање капка по капка. Околу паркот ќе биде изведена адреналинска велосипедска патека.
„Овој простор досега беше неуреден. Сега ќе добие нов лик со зеленило и содржини за забава, како што е адреналинската патека. Ќе бидат поставена и урбана опрема“, вели директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча.
Паркот ќе го изведуваат јавните градски претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“.
А. АНТЕВСКА