Шест нови случаи на коронавирус се регистрирани во Велес во изминатото деноноќие, кажаа од Центарот за јавно здравје Велес. Едно лице имаше два негативна теста, а едно возрасно лице поради влошување на состојбата вчера попладне итно е пренесено на Инфективната клиника во Скопје.
„Во однос на кластерите каде лицата се заразиле, има повеќе фирми и поединци и не може да се каже дека е од одреден кластер или поединец“, велат од ЦЈЗ Велес.
Од велешката болница информираа дека на Инфективното одделение се згрижени 27 пациенти.
„Позитивни се 24 пациенти, а за тројца кои имаат симптоми се чекаат резултати од земените брисеви. Тројца пациенти се отпуштени вчера попладне, откако двата теста покажале негативни резултати и тие се водат како оздравени“, изјави д-р Весна Николовска-Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.
За пет дена, во Велес се регистрирани 30 новозаразени. Бројот на активни случаи во Велес сега е 48.
П. ПЕЧКОВ