НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВАЛАНДОВО БАРА ДА СЕ ИСПИТА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАДЕНАТА КОНЦЕСИЈА ЗА КАЗАНДОЛ

    НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВАЛАНДОВО БАРА ДА СЕ ИСПИТА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАДЕНАТА КОНЦЕСИЈА ЗА КАЗАНДОЛНовиот градоначалник на Општина Валандово Перо Костадинов вели дека претходинкот Николче Чурлиновски ја организира јавната расправа ооткако веќе бил потпишан договорот за концесија за Казандол меѓу Владата и инвеститорот (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот градоначалник на Валандово Николче Чурлиновски постапката за отворање на рудникот  Казандол ја водел нетранспарентно и ја лажел јавноста, дал позитивно мислење да се подига рударскиот комплекс, а потоа имало јавна расправа за да се слушне мислењето на валандовчани за овој проект, рече денеска на прес конференција новиот градоначалник на Општина Валандово Перо Костадинов. Тој рече и дека јавната расправа се организирала ооткако веќе бил потпишан договорот за концесија за Казандод меѓу Владата и инвеститорот.

    Костадинов се сомнева дека е прекршена целата постапка околу добивањето на позитивните мислења, но и постапката за склучување договори за концесии за овој рударски комплекс.

    ,,Позитивното мислење од градоначалникот на Општината е дадено на 22.12.2014 година. На 27.02.2015 е потпишан договорот за концсесија за Казандол меѓу Владата и инвеститорот. А она што изненадува е фактот што дури на 30.03.2015 година е организирана јавна расправа на која граѓаните, еколошките организации јавно се спротиставуваат на идејата Општината да даде позитивно мислење, кое претходно веќе било дадено и се криело. Сакам да ги повикам надлежните да ја преиспитаат целата постапка”, кажа градоначалникот на Валандово Перо Костадинов.

    Според него, во архивата на Општината се воделе две различни мислења на претходниот градоначалник за Казандол, едно позитивно за надлежните министерства, а едно неутрално пред јавноста со што, како што истакна Костадинов, целата постапка била нетранспарентна пред граѓаните и воопшто не ги добивале потребните и вистински информации во тој период.

    „Сакам да ги повикам сите институции и надлежни органи да ја испитаат целата постапка за комплексот Казандол”, рече Костадинов кој подвлече дека и тој застанува на страна на граѓаните кои не сакаат отварање рударски комплекси во неговата општина.

    Во јули тогашниот градоначални Чурлиновски го забрани референдумот за рудници во Валандово. Референдумот, по тримесесечни обиди за закажување, сепак се одржа на 20 август, но не успеа оти немаше доволна излезност.

    Изградбата на рударскиот комплекс Казандол кај Валандово влегува во завршна фаза. Од компанијата инвеститор „Сардич МЦ“ тврдат дека овој комплекс ги почитува сите законски прописи и стандарди во земјава. Тврдат дека Казандол нема да испушта никакви штетни емисии ниту во водата, ниту во почвата, ниту во воздухот оти технолошкиот процес бил така проектиран за во него да се врши рециркулација на сите технолошки раствори и елементи. „Сардич МЦ“ очекува идната пролет да ја добие интегрираната А дозвола и одобрението за употреба на објектите во комплексот, со што ќе почне ископот на руда и прозводството на катоден бакар.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира