НОВИОТ ПАТ ШТИП – КОЧАНИ ЌЕ МИНУВА ПОКРАЈ РАНОХРИСТИЈАНСКИ АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТИ

    НОВИОТ ПАТ ШТИП – КОЧАНИ ЌЕ МИНУВА ПОКРАЈ РАНОХРИСТИЈАНСКИ АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТИИстражувачките работи се одвиваат во соработка со Агенцијата за патишта која го трасира експресниот пат за Кочани и на лице место се коригираат маршрутите онаму каде што има значајни археолошки наоди (Фото: СДК.МК)

    Штипските археолози од Заводот и Mузеј во близина на штипското село Чардаклија, каде во тек е трасирањето на новиот еспресен пат Штип – Кочани, за кратко време открија црква од ранохристијанскиот период и уште три други археолошки наоди кои датираат од византискиот и средновековниот период. Проектот е финансиран од Агенцијата за јавни патишта, со цел трасата на експресниот пат да ги избегне аерхеолошките локалитети и патот да минува покрај нив, што ќе биде посебна атракција за патниците кои ќе ја користат новата патна делница од Штип за Кочани.

    Мите Штерјов (во средината) е единствениот археолог во Заводот за заштита на спомениците и Музеј во Штип, па за археолошките истражувања соработува со колегите од соседните музеи, главно со археолозите од Кочани и Виница (Фото: СДК.МК)

    „Откриената црква на локалитетот Манастирче кај селото Чардаклија е од средновековниот ранохристијански период од 4 и 5 век. Во нејзините темели најдовме остатоци од постар објект и керамики од градба која датира од доцноантичкиот и византискиот период. Откриена е еднокорабна црква со добро сочувана тристрана апсида со влезни порти од источната и од северната страна. Откриени се и остатоци од сакрална градба. За овие истражувачки работи склучивме договор со Агенцијата за јавни патишта која нашиот проект го финансира со 2,5 милиони денари“,  вели Мите Штерјов директор на Музејот во Штип.

    Интезивно и со голем број соработници на археолошките наоѓалишта кај селото Чардаклија ќе се работи и во текот на ноември и декември (Фото: СДК.МК)

    Штипските археолози истовремено почнале интезивно да работат и на реставраторски работи на уште три откриени археолошки локации меѓу селата Чардаклија, Долни и Горни Балван и Крупиште, каде треба да минува експресниот пат Штип – Кочани. Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) веќе има издвоено 30 милиони денари за првата делница од неполни 15 километри од Штип до населбата Вано Прќе кај селото Крупиште.

    Археолозите од Штип сметаат дека и на втората делница од експресниот пат до Кочани има археолошки локалитети. Тие во 2009 година токму на тој потег во близина на селото Крупиште, во месноста Грнчарица, пронајдоа остатоци од најстариот скелет во Југоисточна Европа. Институтот на универзитертот во Глазгов, Шкотска утврди дека скелетот на „Славе Македонски“, како што го нарекоа штипските археолози, датира од раниот неолит, 6500 години пред нашата ера. Скелетот е изложен во просторите на Заводот за заштита на спомениците и Музеј во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ      

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира