НОВИТЕ СЕМАФОРИ КАЈ „РЕПЛЕК“ ВО ТАФТАЛИЏЕ НАПРАВИЈА ГУЖВА НА УЛИЦАТА ВАСИЛ ЧАКАЛАРОВ, ОД ГРАДОТ ВЕЛАТ РАБОТЕЛЕ НА ПРОБЛЕМОТ

    НОВИТЕ СЕМАФОРИ КАЈ „РЕПЛЕК“ ВО ТАФТАЛИЏЕ НАПРАВИЈА ГУЖВА НА УЛИЦАТА ВАСИЛ ЧАКАЛАРОВ, ОД ГРАДОТ ВЕЛАТ РАБОТЕЛЕ НА ПРОБЛЕМОТКолони со возила има дури до крстосницата кај студентскиот дом „Гоце Делчев“.(Фото:СДК.МК)

    Гужви и колони возила секој ден се создаваат на улицата Војвода Васил Чакаларов кај „Реплек“ во населбата Тафталиџе откако Град Скопје постави семафор. Кон почетокот на декември, семафорите на крстосницата на улицата Васил Чакаларов со улицата Ванчо Мицков почнаа да работат откако неколку месеци беа тестирани. Но, оттогаш во овој дел од градот се создаваат колони со возила кои се дури до крстосницата кај студентскиот дом „Гоце Делчев“.

    „Создадоа гужва таму каде што немаше. Проблемот е што не се соодветно синхронизирани, па попладне се создаваат колони возила оти по неколку пати се застанува на семафорот додека се помине“, велат граѓани кои секојдневно ја користат оваа улица.

    Од Град Скопје велат дека се запознаени со проблемот и работат на негово решавање.

    „Семафорите беа поставени по барање на граѓаните со цел зголемување на сообраќајната безбедност. Запознаени сме со сообраќајниот метеж кој повремено се создава на улицата Војвода Васил Чакаларов. Во моментов се работи на нова програма и во план е истата да се имплементира во наредниов период со што би се надминала оваа состојба“, велат од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира