На четири локации во Велес ќе се поставува видео наздор за заштита на урбаната опрема и спортските терени. Општина Велес потпиша договорот за инсталирање на камери на новоизградените спортско –рекретивни центри. Ќе се снимаат новите центри во Дворови, Тунел, кај гимназијата и во основното училиште Васил Главинов.
„А1 го доби тендерот за поставување на видео камери на четири локации. Склучен е договорот и тие ќе започнат да се инсталираат“, кажа градоначалникот Марко Колев.
Висината на инвестицијата е околу еден милион денари, која опфаќа набавка на видео камери и нивно поставување.
Уништувањето на урбаната опрема е секојдневие во градот, па како мерка за нејзино намалување се поставуваат и овие камери.
П. ПЕЧКОВ