НУРКАЧОТ НИКОЛА ПАСКАЛИ ОТКРИ КОЛОНИЈА ОХРИДСКИ РАКОВИ ВО ЕЗЕРОТО КОИ ГИ НЕМАШЕ СО ГОДИНИ

    НУРКАЧОТ НИКОЛА ПАСКАЛИ ОТКРИ КОЛОНИЈА ОХРИДСКИ РАКОВИ ВО ЕЗЕРОТО КОИ ГИ НЕМАШЕ СО ГОДИНИПојавата на охридскиот рак значи дека водата во езерото е сè почиста (Фото: Акватек)

    Познатиот охридски нуркач Никола Паскали откри колонија на охридски ракови. Со подводна камера, тој ги снимил кај плажата „Акапулко”, на длабочина од девет метри.

    „Во текот на нуркањето откривме неколку живеалишта на охридскиот рак, познат како европски рак. Тоа е најдобар доказ дека водата во Охридското Езеро е сè почиста. Ракот опстојува во бистра вода. Меѓутоа, во литоралниот дел, каде некогаш, пред неколку децении, го имало во големи колонии, речиси под секој камен, сега го нема. Го најдовме во подлабоките води. Вакви колонии најчесто има на длабочина од девет до 14 метри”, изјави Никола Паскали.

    Пред две недели, Паскали, кој е член на нуркачкиот центар „Акватек”, за првпат во Езерото фотографираше јапонски крап, кој бил пуштен од аквариум.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира