ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОЧНА СО УВИД НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, ВЕШТО ЛИЦЕ ЌЕ КАЖЕ ДАЛИ ПОЖАРОТ Е ПРЕДИЗВИКАН ОД ЧОВЕЧКИ ФАКТОР ИЛИ Е НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОЧНА СО УВИД НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, ВЕШТО ЛИЦЕ ЌЕ КАЖЕ ДАЛИ ПОЖАРОТ Е ПРЕДИЗВИКАН ОД ЧОВЕЧКИ ФАКТОР ИЛИ Е НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈЛокацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Обвинителството денеска почна увид на опожарениот објект на Универзална сала во Скопје.

    „Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај“, велат од Обвинителството.

    Во текот на вчерашниот ден, во рамките на своите надлежности, Државниот инспекторат за труд изврши контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на објектот и изготви записник.

    „Бидејќи сè уште трае фазата на прибирање докази, односно до овој момент не е утврдено дека пожарот настанал како последица на човечки фактор, вчера во полициска станица беа земени изјави од три задржани лица, по што тие беа пуштени со оглед на тоа што во оваа фаза нема основ за нивно натамошно задржување“, додаваат од Обвинителството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира