ОД 12 СЕПТЕМВРИ И ВО ВЕЛЕС ЌЕ РАБОТАТ КАМЕРИТЕ НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

    ОД 12 СЕПТЕМВРИ И ВО ВЕЛЕС ЌЕ РАБОТАТ КАМЕРИТЕ НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“На повеќе улици во градот се поставени камери за безбедноста во сообраќајот. (Фото: СДК.МК)

    Од 12 септември, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес, соопшти МВР. На повеќе улици во градот се поставени камери за безбедноста во сообраќајот, но има и за безбедноста на граѓаните и заштита на јавниот ред и мир.

    „По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата“, велат од МВР.

    До крајот на месецов „Безбеден град“ ќе проработи и во Кавадарци и Неготино.

    Од МВР апелираат доследно да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и за одговорно однесување заради поголема безбедност во сообраќајот. Досега, камерита на „Безбеден град“ од 1 февруари функционират во Скопје, Тетово, Куманово и по автопат Коридор 10 и Коридор 8.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира