ОД 18 ЧАСОТ БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ И ПОСКАП ПАРКИНГ, ГРАД СКОПЈЕ ГИ АКТИВИРАШЕ МЕРКИТЕ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО

    ОД 18 ЧАСОТ БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ И ПОСКАП ПАРКИНГ, ГРАД СКОПЈЕ ГИ АКТИВИРАШЕ МЕРКИТЕ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТООд Град Скопје апелираат до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз. (Фото: СДК.МК)

    Од 18 часот денеска стапуваат на сила мерките на Град Скопје поради високото загадување. Бесплатен ќе биде превозот во автобусите на ЈСП „Скопје“, цената на паркингот се зголемува двојно, Градот ќе ги прекине сите градежни работи, а ги повикува и општините да го сторат тоа.

    „Овие мерки се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум, односно над 175 микрограми на метар кубен на мерните станици во Карпош и во Лисиче“, велат од Град Скопје.

    Од Град Скопје апелираат до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз, а градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира