ОД ДЕНЕС СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ТРОТИНЕТИ, ЌЕ СЕ АПЛИЦИРА ЕЛЕКТРОНСКИ ВО ГРАД СКОПЈЕ

    ОД ДЕНЕС СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ТРОТИНЕТИ, ЌЕ СЕ АПЛИЦИРА ЕЛЕКТРОНСКИ ВО ГРАД СКОПЈЕГрадот Скопје ќе субвенционира од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице. (Фото: СДК.МК)

    Од денеска почнува аплицирањето за субвенции од Град Скопје за велосипеди и електрични тротинети. Годинава за првпат наместо во барака 16 аплицирањето е електронски, како што беше за набавката на инвертерите. Како што велат од градот, пари има за субвенциинорање на 2.800 велосипеди и 215 електрични тротинети.

    „Граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот ќе биде отворен до исцрпување на средствата, а ќе се спроведува по принципот ‘прв дојден – прв услужен’“, велат од Градот.

    Во Буџетот на Град Скопје за 2021, за субвенции за велосипеди и за електрични тротинети се предвидени 10 милиони денари од кои 8,5 милиони денари за велосипеди, а 1,5 милиони денари за електрични тротинети. Изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за велосипеди и 527 за електрични тротинети.

    На двата повика за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети граѓаните можат да се пријавуваат електронски, преку интернет страниците на Град Скопје и Скопје лаб, www.skopje.gov.mk и aplikacii.skopjelab.mk или директно на линковите https://aplikacii.skopjelab.mk/velosipedi/ и https://aplikacii.skopjelab.mk/trotineti/

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира