ОД ДЕНЕСКА, И ВО ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВЕЛЕС МОЖЕ ДА СЕ ИСПИТА НИВОТО НА Д-ДИМЕРИ И ЦРП ВО КРВТА

    ОД ДЕНЕСКА, И ВО ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВЕЛЕС МОЖЕ ДА СЕ ИСПИТА НИВОТО НА Д-ДИМЕРИ И ЦРП ВО КРВТАВо Здравствен дом дневно ќе има 35 термини за пациенти (Фото: СДК.МК)

    Освен во биохемиската лабораторија во Велешката болница, пациентите со ковид-19 од денеска и во Здравствен дом можат да го проверат нивото на Д-димери и ЦРП во крвта. Со ова многу ќе се олесни работата на лабораторијата во Општата болница, каде што поради големиот број на заразени со коронавирус во Велешко се чекаше за термин.

    „Од денеска работиме со пациенти кои се позитиви на ковид-19 и треба да го испитаат нивото на Д-димери и ЦРП во крвта. Тие доаѓаат преку Мој термин, со упат од матичен лекар, во терминот од 11 до 13 часот. Дневно ќе има по 35 пациенти“, кажа Светлана Црнушева, специјалист по медицинска биохемија и раководител на дијагностичката лабораторија при Здравствен дом Велес.

    За оваа новина биле известени матичните лекари од Велес и од соседните општини Градско и Чашка. Првиот ден сите 35 термини веднаш биле зафатени.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира