ОД ДОЖД ПРОПАДНАА ДЕЛОВИ ОД НОВИОТ АСФАЛТ НА БУЛЕВАРСКИОТ ВЛЕЗ КАЈ БИТОЛА, ОД ОПШТИНАТА ВЕЛАТ ДЕКА Е ТРОТОАР

    ОД ДОЖД ПРОПАДНАА ДЕЛОВИ ОД НОВИОТ АСФАЛТ НА БУЛЕВАРСКИОТ ВЛЕЗ КАЈ БИТОЛА, ОД ОПШТИНАТА ВЕЛАТ ДЕКА Е ТРОТОАРВо должина од 200 метри на места асфалтот е подигнат од потребното ниво, а на места е спуштен во дупки. (Фото: СДК.МК)

    По синоќешните дождови настана оштетување на делови од новиот асфалт поставен на булеварскиот влез на Битола. Во должина од 200 метри на места асфалтот е подигнат од потребното ниво, а на места е спуштен во дупки. Ова е еден од капиталните проекти на сегашната локална власт во Битола предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски, која на локалните избори се бори за втор мандат. Пред седум дена на официјалната интернет страница на Општината беше објавено дека Битола добива нов булеварски влез и дека се финализираат активностите од првата фаза.

    Оштетувањата по дождот предизвикаа реакции кај некои од кандидатите на советничките листи.

    „Пет дена по асфалтурањето, патот го проголта земјата. Ова е улицата која 700 пати беше изрекламирана и најавувана како капитален проект на Битола. Со првиот дожд ја проголта земјата. Не можеме да се куртулиме од фушарај и крпеници“, изјави Иван Чулакоски од независната граѓанска иницијатива Поинаку, досегашен советник и кандидат за идниот Совет, кој во мај годинава исто така се снимаше на улицата Бурса каде асфалтот распука по асфалтирањето.

    Од Општина Битола соопштија дека во текот на вчерашниот ден, по обилните врнеж

    Пред седум дена на официјалната интернет страница на Општината беше објавено дека Битола добива нов булеварски влез и дека се финализираат активностите од првата фаза. (Фото: СДК.МК)

    и од дожд, настана оштетување на тротоарот на дел од булеварскиот влез од страната на Прилеп, од десната насока. Тротоарскиот дел сè уште е во фаза на изведба. Од Општината велат дека од утринава, на терен се стручни екипи кои вршат теренска проверка со цел да ги утврдат причините за настанатата штета.

    Булеварскиот влез беше на иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски. Тој го стави и камен темелникот во јули 2024 и рече дека очекува „брзо да се заврши овој влез, со што ќе биде заокружена една целина“, а тогаш како изведувач на проектот беше посочена градежната компанија „Гранит“. Но во јуни годинава, при посетата на Битола изрази незадоволство од динамиката со која дотогаш се градеше патот.

    Вечерва коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ има митинг во Битола за претстојните Локални избори, на кој ќе присуствува и претседателот на партијата Мицкоски.

    Булеварскиот влез, со ширина од 27,5 метри, ширина на двата коловози од по 7,5 метри, со урбано уредена површина која ќе ги разделува двата коловоза со пешачки и велосипедски патеки од 5,5 метри по страните, ќе се гради до клучката каде ќе се поврзува со автопатот од Прилеп, кој исто така е во изградба.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира