ОД КОРОНАВИРУС ОЗДРАВЕА ПЕТМИНА БИТОЛЧАНИ ВО ДЕВЕТТАТА ДЕЦЕНИЈА ОД ЖИВОТОТ

    ОД КОРОНАВИРУС ОЗДРАВЕА ПЕТМИНА БИТОЛЧАНИ ВО ДЕВЕТТАТА ДЕЦЕНИЈА ОД ЖИВОТОТПрвиот пациент кој беше од Битола хоспитализиран имаше 85 години, највозрасните пациенти кои сме ги имале се пациенти на 83, 84, 85 години и овој кој досега бил највозрасен 89-годишен, оздравени од ковид 19, испишани со два негативни теста во добра состојба, вели Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката болница од Битола; - Центарот за јавно здравје во Битола. (Фото: СДК.МК)

    89- годишниот битолчанец, кој од Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола беше испишан завчера, е највозрасниот пациент кој се лекувал од ковид-19 од Битола и успеал да го победи вирусот. Тој не е првиот жител на Битола од трето доба кој го преживеа коронавирусот. Во тоа досега успеаја неколкумина битолчани, кои во деветата деценија од животот се излекуваа од ковид-19. Дури и првиот пациент со оваа болест во Битолската болница на почетокот на април беше 85-годишен битолчанец кој се излекува, а после него уште неколкумина други повозрасни пациенти.

    „89-годишниот пациент од Битола беше хоспитализиран како веќе позитивен, дијагностициран преку Центарот за јавно здравје, кога кај него се развија симптоми на бронхопневмонија. Кај нас беше хоспитализиран дестина дена и во стабилна состојба, со добра клиничка слика, по добивање на два негативни контролни теста се испиша од Инфективно одделение. Првиот пациент кој беше од Битола хоспитализиран имаше 85 години, највозрасните пациенти кои сме ги имале се пациенти на 83, 84, 85 години и овој кој досега бил највозрасен 89-годишен, оздравени од ковид 19, испишани со два негативни теста во добра состојба“, рече Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката болница од Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари