ДВЕ ДЕЦА НА ЕДНА И ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО БИТОЛА, ПОЧИНА 73-ГОДИШНИК

    ДВЕ ДЕЦА НА ЕДНА И ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО БИТОЛА, ПОЧИНА 73-ГОДИШНИКСите пет новорегистирани ковид позитивни даваат податок за контакт со друго позитивно лице и се поврзани во фамилијарни кластери; Центраот за јавно здравје во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Денеска во Битола се регистрирани пет нови позитивни на ковид-19, меѓу кои има и две деца на возраст од една и четири години, како и тројца возрасни на 38, 39 и 45 години, соопшти битолскиот Центр за јавно здравје.  Сите лица даваат податок за контакт со друго позитивно лице и се поврзани во фамилијарни кластери.

    Од контактите на новорегистрираните лица, за осум лица е даден предлог за здравствен надзор и домашна изолација. Вкупно активни случаи во Битола се 63. Денес се регистрирани четири оздравени лица и еден смртен случај кај лице на возраст од 73 години кое беше хоспитализирано во Градската опште болница (ГОБ) „8 Септември” во Скопје.

    Во Кичево денес има регистрирано 11 позитивни лица, од кои четири на возраст од 11 до 70 години. Лицата не даваат податок за контакт со друго регистрирано позитивно лице. Вкупно активни случаи во Кичево се 79. Денес таму се регистрирани 14 оздравени лица.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира