ОД НОЌЕСКА ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ШТИП Е БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ И СЕ СНАБДУВА ОД ЦИСТЕРНИ

    ОД НОЌЕСКА ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ШТИП Е БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ И СЕ СНАБДУВА ОД ЦИСТЕРНИСе очекува дефектот да биде отстранет најдоцна до крајот на денот (Фото: СДК.МК)

    Општина Штип само што најави пониски цени на водата за пиење за десет проценти, а од ноќеска на полноќ, поголем дел од градот е со нарушено водоснабдување. Во некои населби граѓани се снабдуваат со вода од цистерни на ЈП „Исар“.

    Оттаму информираат дека вода нема затоа што дошло до дефект на високонапонски кабел во локалитетот „Штипско езеро“, од кадешто филтер станицата во Штип црпи вода за филтрирање и за дистрибуција во водоводната мрежа. Се очекува дефектот да биде отстранет најдоцна до крајот на денот.

    Јавното претпријатие деновиве извршило замена на стотина пукнати цевки и водомери. Од први јануари, „Исар“ почна да ја пресметува потрошувачката на водата за пиење по намалени цени. Ова е второ намалување од 2017 година, кога цената изнесувала 35,50 денари за домаќинствата и 53 за правните лица. Новата цена ќе биде 31,96, односно 49,94 денари за метар кубен.

    Минатата година, поради бројните легализации, посебна комисија на претпријатието направила корекција на квадратурите на домаќинствата. Голем број граѓани потоа почнале да добиваат повисоки сметки, па морале во изминатиот период со имотни листови да ја докажуваат фактичката квадратура.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира