ОД ОКТОМВРИ ДО 1.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЌЕ ДОБИВААТ ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА

    ОД ОКТОМВРИ ДО 1.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЌЕ ДОБИВААТ ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊАГраѓаните ќе добиваат од 0,5 до 1,5 денари за рециклирано шише на платежната картичка „Грин пеј кард“, со која ќе можат да пазарат во маркети или да плаќаат во кафулиња. (Фото: СДК.МК)

    Од октомври жителите на Општина Центар ќе рециклираат пластични шишиња и лименки и за тоа ќе добиваат пари. ЈП „Паркинзи Општина Центар“ деновиве ја постави првата од деветте машини за рециклирање пред бараките на Општина Центар. Граѓаните ќе добиваат од 0,5 до 1,5 денари за рециклирано шише на платежната картичка „Грин пеј кард“.

    „Оваа мерка за рециклирање ќе важи само за жителите на Центар, односно пари ќе се враќаат само на картичката ‚Грин пеј кард‘. Месечно максималната цена која ќе може да ја добие еден граѓанин е 1.000 денари. Овие пари ќе можат да се употребат за пазарење во маркети, продавници, за плаќање во кафулиња и кафеани, како и за услугите на претпријатието“, вели Васко Кичевски директор на ЈП “Паркинзи Општина Центар“.

    До крајот на годинава вакви машини ќе се постават уште на 18 локации, што значи дека ќе има 29 места за рециклирање.

    Парите кои ќе ги добиваат граѓаните ќе се обезбедат од буџетот на Општина Центар. Според проценките годишно за оваа мерка од буџетот на Општина ќе треба да се обезбедат околу 200.000 евра.

    Набавката на првите девет машини чини 100.000 евра и се набавени со пари од ЈП „Паркинзи Општина Центар“.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира