ОД ПОНЕДЕЛНИК НОВА АВТОБУСКА ЛИНИЈА ОД ЖДАНЕЦ И ТРНОДОЛ ДО КАРПОШ 3 ВО СКОПЈЕ

    ОД ПОНЕДЕЛНИК НОВА АВТОБУСКА ЛИНИЈА ОД ЖДАНЕЦ И ТРНОДОЛ ДО КАРПОШ 3 ВО СКОПЈЕАвтобусите на линијата 29 ќе сообраќаат од 6 до 17 часот.(Фото: СДК.МК)

    Од понеделник, ЈСП „Скопје“ воведува нова автобуска линија број 29, која ќе сообраќа од населбата Жданец преку Трнодол до Карпош 3 и обратно.

    „Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран јавен превоз од и до посочените населени места, имајќи го во предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во Град Скопје“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Почетната и крајната станица на линијата 29 во Жданец ќе биде на улица Жданец, а во Карпош 3 на улица МАНАПО кај трговскиот центар Сити мол. Автобусите ќе се движат по улицата Жданец до влезот на Трнодол, потоа по улица Козле, булеварите 8 Септември и Партизански одреди до крајната станица во Карпош 3 и обратно.

    Автобусите ќе сообраќаат од 6 до 17 часот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира