Од шестемина биточани кои денес се потврдени како позитивни на ковид-19, тројца се хоспитализизирани во Клиничката болница во Битола, а останатите тројца се на домашно лекување, соопштија од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК. Освен еден од нив кој е од познат кластер во приватна конфекција, останатите петмина не потврдуваат поврзаност со други случаи позитивни на вирусот.
„Хоспитализираните лица се на 27, 48 и 60-годишна возраст. Хоспитализираните негираат претходен контакт. Еден од заболените е вработен во јавно претпријатие, другиот во приватна фирма, третиот е пензионер. Останатите три лица се на домашно лекување и се на 37, 48 и 61-годишна возраст. Еден од нив има поврзаност со претходен кластер од приватната конфекција, другите двајца не даваат податок за поврзаност со претходно потврдени случаи со ковид- 19“, соопшти Министерството за здравство.
Во Битола, од појавата на пандемијата до денес има вкупно 104 заболени, од кои активни се 52.
Ж. ЗДРАВКОВСКА