ОД СТУДЕНЧИШКИОТ КАНАЛ ИЗВАДЕН ПОТОНАТИОТ БРОД „ЛИХНИДА”

    ОД СТУДЕНЧИШКИОТ КАНАЛ ИЗВАДЕН ПОТОНАТИОТ БРОД „ЛИХНИДА”Поради опасност од натамошно загадување на Студенчишкиот канал, екипа на Капетанијата од Охрид организираше акција за вадење на бродот.(Фото: СДК.МК)

    Во  вчера беше изваден  бродот „Лихнида“ кој деновиве пропадна  во Студенчишкиот канал и од чиј резервоар се излеа поголема количина на нафта. Поради опасност од натамошно загадување на каналот, екипа на Капетанијата од Охрид организираше акција за вадење на бродот.

    „Бродот сега е во делот од каналот каде се пловилата на АРСМ. Отстранета е опасноста од натамошно загадување на Студенчишкиот канал. Ни претстои вадење и на останатите стари бродови кои се закана за екологијата”,вели капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа Горан Устијановски.

    Студенчипшкиот канал стана место каде што е собрани старите пловни објекти во Охрид.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира