ОД ТЕКСТИЛНА ФАБРИКА ВО БИТОЛА Е КЛАСТЕРОТ ПОВРЗАН СО НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19

    ОД ТЕКСТИЛНА ФАБРИКА ВО БИТОЛА Е КЛАСТЕРОТ ПОВРЗАН СО НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19Од Кризниот штаб уште еднаш испратија апел до населението да биде внимателно, да се почитуваат сите мерки и протоколи за заштита, а граѓаните да одржуваат редовна хигиена на рацете, да носат заштитна маска и да ја почитуваат социјалната дистанца.- Од дезинфекцијата на објекти во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Кластерот со позитивни на ковид-19 поврзан со работна организација е од текстилна фабрика во Битола, соопштија од Министерството за здравство. Вчера петмина од 11 новозаболени беа од овој кластер. Уште по првите два позитивни случаи фабриката престана со работа и ги испрати вработените на одмор.

    „Од Центарот за јавно здравје Битола информираат дека кластерот е од текстилата фабрика. По првите два позитивни случаи по препорака на епидемиолог фабриката престана со работа и ги испрати работниците на двонеделен колективен одмор. Во меѓувреме направена е целосна дезинфекција на објектот и договорено е пред почнување со работа на објектот, епидемиолог да направи увид и проверка на протоколите за работа и движење на работниците“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

    Во Битола покрај кластерот поврзан со текстилната фабрика има и три други семејни кластери. Од 84 заболени од почетокот на пандемијата, во Битола активни случаи има само 40.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира