ОД УТРЕ ДЕЛ ОД СКОПСКАТА ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА ЗАТВОРЕНА ЗА СООБРАЌАЈ ЗАРАДИ АСФАЛТИРАЊЕ

    ОД УТРЕ ДЕЛ ОД СКОПСКАТА ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА ЗАТВОРЕНА ЗА СООБРАЌАЈ ЗАРАДИ АСФАЛТИРАЊЕВремениот сообраќаен режим ќе биде воведен на крајната десна сообраќајна лента во правец кон касарната Илинден. Сообраќајот ќе се одвива двонасочно на преостанатиот дел од улицата за што ќе биде поставена и соодветна сигнализација. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од утре, затворена за сообраќајот ќе биде дел од Платичарската улица во Скопје заради  асфалтирање на сообраќајницата. Ќе се асфалтира северната тротоарска површина на потегот од клучката Бит пазар до крстосницата со улицата Македонско-Косовска бригада. Потоа ќе  продолжи асфалтирањето на површините по должината на  улицата на делот од проширувањето, како и  гребење на постојната сообраќајница во широчина од 4 метри.

    Времениот сообраќаен режим ќе биде воведен на крајната десна сообраќајна лента во правец кон касарната Илинден. Сообраќајот ќе се одвива двонасочно на преостанатиот дел од улицата, за што ќе биде поставена и соодветна сигнализација. По завршување на наведените градежни работи ќе се работи на асфалтирање и на јужната страна од улицата со ист редослед на активностите.

    Од Градот Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат  својата брзина на движење според условите на патот.

    Град Скопје почна со реконструкција на Пластичарскарска улица на 13 декември. Реконструкцијата предвидува во првата фаза, на потегот од клучката кај Бит пазат до касарната Илинден, улицата да се прошири за уште една коловозна лента, со што ќе има по две летни во двата правци. На целиот потег ќе биде изведена атмосферска канализација која досега не постоеше. Од двете страни на булеварот ќе бидат изведени и велосипедска и пешачка патека.

    На почетокот на градежните работи градоначалникот Петре Шилегов најави дека улицата ќе биде готова до април. Реконструкцијата чини 2,1 милион евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира