ОД ВАС Е ПОБАРАНО ДА ПОКАЖЕТЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ДРУГИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, НО ЌЕ БИДЕТЕ ПОПОДГОТВЕНИ, РЕЧЕ АМБАСАДОРКАТА БРНЗ

    ОД ВАС Е ПОБАРАНО ДА ПОКАЖЕТЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ДРУГИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, НО ЌЕ БИДЕТЕ ПОПОДГОТВЕНИ, РЕЧЕ АМБАСАДОРКАТА БРНЗАмбасадорката Брнз нагласи дека политиките на САД за Западен Балкан се јасни и не се променети. (Фото: СДК.МК)

    Нема никаков сомнеж дека Северна Македонија ја изврши работата која е неопходна за да се изготват преговорите и да продолжи напред за зголемување на регионалната стабилност, напредна политичка и економска поврзаност со Еропа и евроатлантско партнерство, рече американската амбасадорка Кејт Мери Брнз на „Преспа форум дијалог“ што се одржа во Отешево.

    Во своето излагање, амбасадорката на САД рече дека тие остануваат фокусирани на постигнување на оваа цел и следење на рамките за преговори за членство на земјата во ЕУ.

    „Интегративниот процес ќе земе време и бара трпение. Од вас е побарано да покажете многу повеќе од другите патници на патот на пристапување кон ЕУ, но веднаш кога ќе почнат преговорите вие ќе бидите добро подготвени“, додаде амбасадорката.

    Брнз нагласи дека политиките на САД за Западен Балкан се јасни и не се променети. Тие ќе продолжат да го гледаат регионот како мирен и локација која во иднина ќе се поврзува, со своите соседи ќе гради стабилни, просперитетни евроатлантски интеграции.

    „Иднината на Западен Балкан е во рамките на ЕУ каде ќе придонесе Европа да стане постабилна и посилна. Ова е време на предизвици и можности, време е повеќе од кога било претходно да соработуваме. Ќе ги постигнеме нашите посакувања доколку изградеме мостови преку сите наши прегради, поврзувајќи се еден со друг и создавајќи можности кои ќе ја забрзаат регионалната интеграција“, рече амбасадорката.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира