Голем одрон блокира дел од патот Кичево-Скопје, на делницата од Гостивар кон Маврово. Според информациите од ЈП„Македонија пат“ одронот се појавил околу 14 часот денес попладне од премногу силно минирање од еден од двата каменоломи што се наоѓаат во близина на патот. Во моментов сообраќајот се одвива во отежнати услови.
„Во еден од двата каменоломи, кога се оди од Гоивар кон Маврово, денес правле минирање. Веројатно употребиле поголема количина експлозив, и при минирањето настанал одрон кој блокирал дел од патот. За среќа таму има паркинг покрај патот, и направен е бајпас за да можат возилата да се движат, односно сообраќајот не е во прекин. Наши екипи се на терен го расчистуваат патот, а местото го обезбедува и полицијата. Се надевам дека до сабајле ќе го расчистиме“, вели Гајур Кадриу, директор на ЈП„Македонија пат“.