ОДРЖАНА ПРВАТА ПРОБНА ТУРИСТИЧКА ТУРА НИЗ ВЕЛЕС ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЗНАЧАЈНИТЕ МЕСТА

    ОДРЖАНА ПРВАТА ПРОБНА ТУРИСТИЧКА ТУРА НИЗ ВЕЛЕС ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЗНАЧАЈНИТЕ МЕСТАПосетители беа учесниците на годинашнава скулпторска работилница „Папрадишки мајстори“ (Фото: СДК.МК)

    Се изведе првата пробна туристичка тура низ Велес, која имаше за цел промоција на значајните објекти во градот. Посетители беа учесниците на годинашнава скулпторска работилница „Папрадишки мајстори“.

    Одржавме пробна градска туристичка тура со посета на повеќе знаменитости на Велес. Ги посетивме Народниот музеј и спомен-куќите на Рацин, Главинов, Џинот и Касапови. Создадовме поинаква концепција. Наместо класична посета на музејските објекти, обединивме повеќе понуди во една целина. Имавме културно наследство, верски туризам, стара архитектура, историски објекти. Ги посетивме Којник, Мегдан, Долни дуќани, старите велешки маала, соборниот храм ‘Св. Пантелејмон‘, посветен на заштитникот на Велес“, кажа туристичкиот водич Маја Басаровска, која ја организираше турата заедно со Народниот музеј.

    Прошетката заврши со посетата на Спомен костурницата.

    Низ оваа пробна туристичка тура создаваме слика на Велес како култура оставина, со дела на градителот Дамјанов и зографите Зографски и Хаџи Косте. Велес бил трговски центар на Македонија со појавата на економски силна класа. Таа создала повеќе убави куќи и градби кои и денес се пример за старата архитектура, правени по европски терк. Со помош на оваа трговска класа се отвораат и првите училишта, со цел да се образуваат лица кои ќе работат во трговијата“, вели Басаровска.

    Во Велес има туристичко биро отворено со средства на ЕУ, но е затворено три години.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира