ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА КОМПЛЕТНО ЌЕ СЕ РЕНОВИРА СО НАД 1 МИЛИОН ЕВРА

    ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА КОМПЛЕТНО ЌЕ СЕ РЕНОВИРА СО НАД 1 МИЛИОН ЕВРАОфицерскиот дом, споменик на културата од 20.век, во последните години е руиниран поради долгогодишната негрижа (Фото: СДК.МК)

    Обезбедени се средства за Офицерскиот дом во Битола комплетно да се реконструира. Градоначалничката Наташа Петровска денеска на новинарско прашање дали, колку и од каде се обезбедени пари за оваа намена, не соопшти детали, но кусо рече дека јавноста деновиве за сите детали ќе биде информирана.

    „Она што беше мој сон, ќе биде јаве. За сѐ дополнително, информации ќе добиете наскоро, во деновите што следуваат“, рече Петровска.

    Од општински извори дознаваме дека обезбедени над еден милион евра и дека обновата на Офицерскиот дом ќе се изведува идната година до ноември, кога објектот ќе треба да биде обновен надворешно и внатрешно.

    Офицерскиот дом, споменик на културата, во последните години е руиниран поради долгогодишната негрижа. Датира од почетокот на 20. век и еден од објектите со најраскошна архитектура на Широк Сокак.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира