ОХРИД И СТРУГА ПОЛНИ ЗА ПРАЗНИЧНИОТ ВИКЕНД, ГОДИНАВА НАЈБРОЈНИ СЕ ЕДНОДНЕВНИТЕ ТУРИ НА ТУРСКИ ГРУПИ

    ОХРИД И СТРУГА ПОЛНИ ЗА ПРАЗНИЧНИОТ ВИКЕНД, ГОДИНАВА НАЈБРОЈНИ СЕ ЕДНОДНЕВНИТЕ ТУРИ НА ТУРСКИ ГРУПИНајбројни и ова лето како минатата година се домашните гости, претежно помлади кои доаѓаат за бројните концерти кои се оддржуваат за време на и околу Илинден. (Фото: СДК.МК)

    Празничниот викенд традиционално ги наполни сместувачките капацитети во Охрид и Струга. Приватните легла за овој период околу празниците се редовно максимално исполнети, се бара место повеќе, но може да се најде во периферните делови од градот. Во капацитетите кои се во централното градско подрачје место нема.

    Цената за приватното сместување е од 15 до 25 евра во зависност од условите и местоположбата. Најбројни и ова лето како минатата година се домашните гости, претежно помлади кои доаѓаат за бројните концерти кои се оддржуваат за време на и околу Илинден. Сместени се во сопствени станови или викендички, а останатите најчесто се решаваат за сместување со закуп на помали апартмани или соби.

    Голема исполнетост има и во хотелите вдолж ривиерата. Од Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) велат дека се задоволни од исполнетоста, но е помал е бројот на странските гости.

    „Овој период секоја година ни е највисока точка на сезоната и се постигнуваат максималните бројки. Променета е структурата на гостите. Имаме многу еднодневни кружни тури на турски групи. За овој празник се претежно домашни гости, а поради тоа и приватниот смештај е многу добро исполнет. Концертите привлекуваат претежно домашни гости“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

    И оваа година покрај понудата на програмата на Фестивалот Охридско лето, има гостувања и концерти на познати естрадни имиња од земјата и регионот, за сите вкусови и генерации.

    Традиционално, на почетокот на август е шпицот на туристичката сезона кога Охрид и Струга се преполни со гости.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира