Посетата на подводна колонија слатководни ракови во Охридското Езеро стана нова туристичка атракција во Охрид, што ја овозможија нуркачите од Центарот за подводни активности „Акватек“. Колонијата се наоѓа на длабочина од 9 до 14 метри.
Нуркачот Никола Паскали појаснува дека туристите предходно имаат пробно нуркање,а потоа заедно со искусни нуркачи нурнуваат во езерските длабочини.
Колонијата на слатководни ракови е откриена кај Лагадин на таканаречената веѓа,која е граница меѓу плитките и длабоките води. Ова го знаеле со генерации охридски рибари. Слатководниот рак пред повеќе децении го имаше речиси под секој камен потоа мистериозно исчезна, за повторно да се појави пред неколку години.
Д. ЧУБРИЌ