ОХРИДСКИ КАРДИОЛОЗИ ЈА СВЕТНАА ОКОЛИНАТА НА КАРДИОЛОШКИОТ ЗАВОД

    ОХРИДСКИ КАРДИОЛОЗИ ЈА СВЕТНАА ОКОЛИНАТА НА КАРДИОЛОШКИОТ ЗАВОДХуманитарниот настан се спроведе во соработка со „Алкалоид“ и кафе бар „Објектив“ каде посетителите можеа да донираат средства за лекување на деца од семејства под социјален ризик (Фото: СДК. МК)

    Вработените во Кардиолошки завод од Охрид и Здравствен дом Охрид организираа еко акција, во која се чистеше просторот кај месноста Свети Стефан каде што е сместен Заводот. Оваа еколошка активност се спроведе во рамките на одбележувањe на Денот на европска соработка.

    Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св.Стефан“ од Охрид, во соработка со Здравствен дом Охрид како партнери во проектот Градови со здраво срце од програмите на ИПА, спроведе акција под мотото „Здраво срце – чиста околина“.

    „Целта беше да се претстави проектот во кој учествуваат заедно со партнери од Грција. Во наредните две години Заводот ќе биде ангажиран во спроведување на низа активности предвидени во проектот“, соопшти Кардиолошкиот завод.

    Хуманитарниот настан се спроведе во соработка со „Алкалоид“ и кафе бар „Објектив“, каде посетителите можеа да донираат средства за лекување на деца од семејства под социјален ризик.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира