ОХРИДСКИ КОМУНАЛЦИ БРКАА КОЊ ЗА ДА НЕ ГО УНИШТИ ПАРКОТ

    ОХРИДСКИ КОМУНАЛЦИ БРКАА КОЊ ЗА ДА НЕ ГО УНИШТИ ПАРКОТВработените го бркале коњот низ шеталиштето каде во исто време се одржувала и трка на деца од основните училишта.(Фото: СДК.МК)

    Вработени од JП „Охридски Комуналец” денес бркаа коњ низ шеталиштето во центарот на Охрид.

    Како што велат вработените во јавното претпријатие, веднаш по пријава излегле да го фатат. На истиот овој простор се наоѓа и градскиот парк со штотуку засадени цвеќиња, а во истиот период на шеталиштето се одржуваше и трка на деца од основните училишта.

    Од претпријатието велат вработените успеале да го врзат и да го тргнат од шеталиштето на Кејот.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира